
Кој е АБР
Запознајте го нашиот тим, сите ентузијасти со големи срца. Ние сме тим кој се бори да им помогне на луѓето!

Што прави АБР
АБР овозможува да се изгради правилна врска помеѓу телото и мозокот на детето.

Резултати
Без ветувања, само напредок. Годишниот АБР извештај Ви ги покажува резултатите и наоредокот на Вашето дете.
.
.
Кому може АБР да помогне?
Сите луѓе- најчесто деца-кои страдаат од проблеми со дишење, лоша постура, функционални нарушувања или кои имаат ограничувања на моторичките функции, често заради оштетување на мозокот или заболувања на нервниот систем
Како да започнете
Првиот чекор да му помогнете на Вашето дете е да стапите во контакт со нас.
Бесплатно запознавање
Родителите се поканати да го контактираат АБР центарот по телефон, во нашиот центар, Скајп или емаил. Ќе бидеме среќни да Ви објасниме се за АБР методот, позадината....и најважното - резултатите.
Прва проценка
При АБР проценката неопходен е дијалог. Ние треба да ги разбереме проблемите од Ваша перспектива. Со Ваша помош ќе изведеме едноставни , а сепак многу информативни тестови со Вашето дете и ќе Ви објасниме што може да се направи за да се подобри состојбата на детето.
Обука
Нашите АБР тренери имаат огромно искуство во обучување родители, семејства и помошници од различни возрасти и професии.Не Ви се потребни посебни способности. Посветеноста е најважна квалификација. Посветеност да работите со Вашето дете по скоро 2 саати на ден.
1 година подоцна
Вашето дете ќе има проценка секоја година. Проценките ќе бидат како и првата, само што овој пат ќе имате можност за споредба на резулатите со состојбата од пред 12 месеци.