АБР е уникатна терапија која ја обновува силата, структурата и функцијата на телото.
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.com

Поврзани Мислења

Blog

Сакаме да ја споделиме нашата прекрасна приказна со вас!

Здраво!

Јас сум Чаро, живеам во Италија и сакам да ја споделам мојата прекрасна приказна со вас.

Прекрасна приказна, која  не започна така добро пред 16 години. Нашиот син Диего е роден со многу проблеми: тахикардија, аневризма и дистонична тетраплегија. Првично, ова беше малку шокантно.
Како родители, не знаеме што  точно да правиме, па почнавме да ги работиме сите можни терапии што беа достапни. Навистина работевме напорно уште од самиот почеток, 2 часа на ден интензивни вежби  плус редовни  посети на сите видови специјалисти.

 

Кога Диего имаше  скоро 4 години, почнавме да добиваме едно  чудно чувство дека и покрај напорите, немаме  вистинско подобрување. Уште полошо, не можевме да разбериме како оваа негова состојба ,  би можела некогаш  да се промени.

Имавме голема среќа да дознаеме за АБР . Леонид Блум ни кажа многу работи за кои никогаш порано не ни беше кажано, во најмала мера, тоа ни ги отвори очите. Затоа поверуваме во  АБР и почнавме да работиме. Знаејќи дека веќе напорно работевме  4 години,по  многу часови дневно без никаков резултат, се прашувавме: дали конечно ќе видиме промени во дишењето на Диего?

 

И токму тоа се случи. По само 3 месеци АБР, неговото дишење се подобри, а волуменот на градниот кош видливо се промени! За нас ова беше потврда за валидноста на терапијата. Почнавме да го запознаваме Диего подобро од кога и да е, бидејќи почна да се “ отвора “. Од тoj  момент се смени расположението во целото семејство. Диего се подобруваше, неверојатно!

Многу години поминаа, но АБР останува нашата база и сè уште ме импресионира, исто како и на почетокот. Секогаш има нешто ново што го откривам. Подобрувањата што Диего ги добива, се слични на подобрувањата што ги опишуваат другите родители. И најважно од се , по претходниот  пат надолу, тој оди спротивен правец . Колку помалку физички дисфункции има , толку повеќе можам да го видам неговото ангажирање и учество во семејниот живот. Неговата свесност  импресионира , Диего ужива во својот живот.

 

Затоа ја нарекувам прекрасна приказна. Сега Диего е наш учител, работиме, а  тој соодветно реагира. Многу добро напредува , а резултатите му даваат можност да комуницира се повеќе и повеќе со околниот свет.

 

Многу сум благодарна на AБР  и на целиот тим за она што го прават!

Напредок на Диего

Неверојатни резултати на Диего

По 4 години

Diego Febr 2015 back
Diego Jan 2019 Back

По 4 години

Diego Febr 2015 zij
Diego Jan 2019 zij

По 4 години

Diego Febr 2015 zit zij
Diego Jan 2019 zit zij