a
АБР е уникатна терапија која ја обновува силата, структурата и функцијата на телото.
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.com

Поврзани Мислења

Blog

АБР е единствената терапија која донесе мир и насмевка на лицето на моето момче

 

Здраво, се викам  Адела Маска!

Веќе некое време размислував да го споделам моето искуство стекнато во последните 8 години откако работиме АБР со мојот син Богдан, но единствената пречка беше мојата нелагодност да комуницирам на овој начин, преку социјалните мрежи . Ќе се обидам да ги изразам јасно и накратко придобивките од оваа терапија, а кои ги забележав кај Богдан и како тоа ни помогна нам- на Богдан и на целото семејство .

 

Кога прочитав за АБР, бев во Шпанија, очајно барав помош за моето мало синче кое беше во многу деликатна ситуација. Добив препораки да испитам што точно ги предизвикува проблемите кај Богдан, предвидување за прилично мали шанси да променам нешто и многу неизвесна иднина. Се сеќавам и на зборовите на неврологот- “проблемот на Богдан е метаболен по природа,тоа е како темпирана бомба во телото” и дека не можеме да сториме ништо. Не можам да ви опишам како се чувстував од тој миг па натаму.

 

Оставајќи ги настрана претпоставките на лекарите, читајќи за AБР , наидовме на едно поинакво објаснување за тоа што се случува со нашето дете, кое звучеше доста логично. Се согласив со повеќето објаснувања што тие ги даваа и се надевав дека ќе имаат решение за проблемите на мојот син.

 

Првата проценка на Богдан беше шокантна за мене, се сеќавам дека плачев. Дотогаш никој на тој начин не го прегледал Богдан, анализирајќи ги сите детали од неговото тело, сè што мислев дека би било во ред со него не беше … Првично се шокирав, но работите се сменија кога ми рекоа дека за сите тие проблеми има решенија. Ова веројатно е и најважното нешто што го прави тимот на АБР, тие не се ограничени на етикетирање и именување на проблемите на детето, туку ги идентификуваат и ви нудат решение.

 

Поточно, Богдан имаше многу кревка коскена и мускулна структура, како желе, ако лесно ги притисневме градите, раката тонеше внатре, а после 6 месеци од АБР градиниот кош зајакна и тоа веќе не беше можно . Пред АБР, тој се будеше 10 пати во текот на ноќта, и тоа се промени. Хоспитализациите со респираторни инфекции, исклучиво бронхитис и пневмонија, кои беа скоро месечни, постепено се намалуваа и достигнаа на 1-2 годишно.
Порано го минував цел ден држејќи го Богдан во моите раце, седењето во количка му беше многу неудобно, и постојано плачеше,а сега седи количка и дури и во неговото седиште во автомобилот кога патуваме.

 

Она што можам да ви кажам е дека откако ја открив оваа терапија, не применувам никаква друга терапија и убедена сум дека сите промени се од АБР, и секако од мојата претерана грижа.Богдан има исклучително ретка генетска болест, кога се дијагностицираше беше единственото дете во светот со таква генетска аномалија, неговото тело не произведува серин и секојдневно ја прима оваа аминокиселина како додаток во исхраната.
Не е лесно да се работи АБР, потребно е многу време и трпение , и ако очекувањата се реални – резултатите се прекрасни!
Јас продолжувам со АБР затоа што таа е единствената терапија која донесе мир и насмевка на лицето на моето мало момче.

 

Бидете силни!
Се најдобро и добро здравје на вашите деца.

Адела