a
ABR is a unique therapy which rebuilds the strength, structure and function of the body.
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.com

Поврзани Мислења

Blog

АБР и физиотерапија, (не) возможна комбинација?


Автор: Роланд Воллард, физиотерапевт и иницијатор на “Клас на тркала ” во Алкмар, Холандија. 

 

За мене, како поранешен физиотерапевт, горното прашање е интересно и често поставувано. Вредноста на АБР концептот е јасно видлива за физиотерапевтите во “Клас на тркала”, но сé уште не им  е јасно каква е врската со  нивниот досегашен начин на работа. До сега, понекогаш,изгледаше како да постои  војна  помеѓу овие  две стратегии за третман.

Иницијаторот на АБР, Леонид Блум, постојано ги испитува сите области и концепти за рехабилитација, биомеханика и научни истражувања за сврзното ткиво и другите ткива во телото. Се појави теорија , која јасно укажуава кога  AБР се судира со  физиотерапијата , кога комбинацијата АБР и физиотерапија  може да биде оправдана и кога  можеби не е неопходно да се комбинираат тие две .
Теоријата на Леонид се базира на концептите “Тонус на мускулите во мирување”, “Подготвеност пред движење” и “Пред-мускулната подготвеност”. Разбирам ако  ова малку ве уплаши , но за среќа,   нема  детално да дискутирам  за овие термини. Ќе се обидам да објаснамна едноставен начин.

 

Можете да го споредите со “копчето стенбај ” на вашиот телевизор.Тоа е дизајнирано така што секој пат кога сакате да го користите телевизорот не мора  долго да  чекате  пред да се уклучи. Бидејќи уклучувањето  од  состојба “исклучено” понекогаш може да потрае подолго.

Ако, од друга страна, го оставате телевизорот во стенд бај – режим (режим на  подготвеност ) после употребата,  треба само да кликнете на телевизорот и вашата омилена серија ќе започне веднаш.

 

Во случајот со нашето тело, важи  концептот на “стенд бај” (подготвеност) и “акција”. Кога лежиме, седиме или стоиме, тоа го правиме со минимален напор. Само кога навистина ќе почнеме да се движиме, ние ќе ги активираме нашите мускули поинтензивно. Од стенд бај режим, се префрлуваме во активен режим. Ова функционира за лица кои физички добро функционираат. Кај нив,  условите за седење или стоење во стенд бај  режим  се  присутни. Тие не трошат непотребно енергија на стенд бај режим и  активирањето  оди без проблеми.

Сепак, постојат и луѓе чиј стенд бај режим, не работи правилно. За нив, лежењето или седењето доведува до преголема мускулна напнатост. Придвижувањето, функционалното активирање , од оваа состајба е многу тешко. Во други случаи, може да има недоволно мускулно напрегање , па придвижувањето е многу тешко или невозможно.
Пред да можете да направите непречено и добро контролирано движење, потребна ви е добра стартна позиција. Само ако  се има добар  стенд бај  режим  (“подготвени за почеток”) може да се иницира движење. И тоа движење може да се подобри преку вежбање.

АБР  работи на условите на стенд бај режимот  на телото. Физиотерапијата пак,  има за цел да ги стимулира и подобрува функциите. Значи, АБР создава подобри услови за она што физиотерапијата сака да го постигне. Постои очигледна контрадикција помеѓу АБР и физиотерапијата. АБР предлага да се ограничи времето и напорите инвестирани во функционален тренинг се додека условите во мирување кај детето се лоши. Ова се однесува најмногу деца со церебрална парализа од степен  4 и 5. AБР  смета дека е подобро овие деца да ја искористат целата достапна енергија за да ги подобрат условите во состојба  стенд бај  ,а  на функционалниот тренинг да започне  само откако ќе ги постигнат потребните услови  на стендбај режимот .

 

 

На сликата погоре, го гледате фокусот на АБР  во сината област (Сврзно ткиво) и фокусот на физиотерапијата во жолтата област (активно движење). Во деловите кои се преклопуваат (стенд бај) постои потреба за добра координација за тоа која терапија ќе  работи на што и зошто. Изгледа  дека ова е можно.

Роланд Волард
www.klasopwielenalkmaar.nl