АБР е уникатна терапија која ја обновува силата, структурата и функцијата на телото.
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.com

Поврзани Мислења

Title Image

Леонид Блум

Home  /  Леонид Блум
Леонид Блум
+32 (0)11 87 45 47
Book appointment
We are here for you

Book appointment

Јас сум Леонид Блум , математичар, биомеханичар и го развивам АБР методот. Дипломирав во 1992 год. на Универзитетот во Новосибирск со специјалност математички модели на комплексни системи.

Моите студии по биомеханика, вклучуваа структура и функционирање на мускулоскелетниот систем, со посебен акцент на деформитети на рбетниот столб и зглобовите. Исто така , работев и со татко ми,доктор - специјалист за мануелен третман на веќе споменатите нарушувања. Од студиите и искутвото, развив верување дека мускулоскелетните деформитети може да бидат добро третирани со квази-статичка мануелна терапија . Квази сттаичка значи со долг и нежен притисок (спротивно на често силните манипулации). Од 1991 до 2000 година предавав примена на биомеханика и мануелна терапија на постдипломци, доктори, во Москва. Во меѓувреме , мојата работа на полето на сколиозите и останатите мускулоскелетни деформитети ја докажаа ефикасноста на квази-статичкиот метод. Моето поле на истражување се прошири на рехабилитацијата на пациети со невролошки оштетувања ( посебно оштетување на мозок) кои страдаат од општи проблеми со моториката и деформитети. И повторно резултатите беа убедливи. Нашиот метод- АБР (Advanced Biomechanical Rehabilitation) Напредна биомеханичка рехабилитација- бара секојдневна работа. Затоа одлучив да ги обучам родителите како да ја применуваат техниката во домашни услови. АБР сателити работаат во неколку земји. Јас ги предводам и обучувам АБР тренерите , а потоа тренерите им ги пренесуваат АБР техниките на родителите и старателите.

Work Days
Леонид го анализираше Луис 2 ½ саати и Луис уживаше. Никогаш претходно не бев сретнала луѓе кои се толку посветени на својата работа.
Henrijette Christensen
Мајката на Луис
Уште сум среќна што ја внесовме АБР во нашите животи. Напредокот влева надеж и можеме сами да работиме.
Клаудија ван Гринвен
Мајка на Нилс
АБР има комплетно различна филозофија од конвенционалната медицина и докторите. Како и да е, нивниот став и предвидување секогаш се потврдуваат како точни.
John Karampelkos
Таткото на Анастасиа