Бесплатно запознавање

Првата проценка
Обуки
Од долгодишната работа заклучивме дека најдобар начин да ги развиете Вашите вештини и да се постигне максимален напредок кај детето е надградба на техниките на секои 3 до 4 месеци и примена на индивидуалните АБР вежби во домашни услови по 2 часа на ден.
Ние Ви ги даваме сите материјали за учење кои ви се потребни, ви ги покажуваме точните позиции, го фотографираме и снимаме правилниот начин на кој работите за време на обуката – за да штом си одите дома започнете да му помагате на Вашето дете веднаш и самоуверено.
AБР тренерите имаат огромно искуство во обуката на родители, баби и дедовци, помошници, браќа и сестри , од сите возрасти, различни средини и со различни физички способности – од 13-годишна сестра до 84-годишен дедо. Ние веруваме во Вас и Вашето дете! Иднината е во Ваши раце. Можете да го направите тоа- ние ќе ви помогнеме!


Преглед на напредокот
“AБР се базира на факти.” Ние правиме повеќе тестирања, нудиме посеопфатна видео и фото документација од било која друга терапија. Другите зборуваат -ние покажуваме! Вие ќе можете да ја видите разликата со свои очи и да прославувате заедно со нас за подобрувањата на Вашето дете кои ќе се појавуваат очигледно пред Вас – структурно и функционално.
Сè што е снимено и документирано, точно ќе се спореди заедно со вас. И тогаш … седнуваме и разговараме повторно: дискутираме како да ги интегрираме лекциите од претходната AБР година, како да ги подобриме работите и како да се приспособиме кон промените и потребите во семејниот живот. Добредојдовте во AБР.
Со нетрпение очекуваме да Ве запознаеме и да Ве поведеме на пат кон напредокот.