АБР е уникатна терапија која ја обновува силата, структурата и функцијата на телото.
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.com

Поврзани Мислења

Blog

Патувањето на Никола со АБР

Ова е Никола Маринов од Бугарија. Сега има седум и пол години. Неговата дијагноза е квадриплегична спастична церебрална парализа. Почнавме со Војта, како и хипербарична терапија ,кога тој имаше шест месеци и ги практикуваше речиси две години без значителен ефект. Никола дури почна да назадува влошува, стана крут и блокиран како “дрвена штица”. Неколку пати беше хоспитализиран и секогаш заради проблем со белите дробови . Ва првите три години од AБР ние, неговите родители, не бевме многу редовни со вежбањето, но сепак доби позитивни резултати. Никола стана поопуштен, неговото тело почна дас е сегментира, во споредба со времето кога започнавме со АБР и тој почна да ја контролира главата и рацете се подобро и подобро. Во целост ги сфативме големите резултати на AБР во текот на последните две години кога работиме најмалку два часа дневно и Никола постигна голем напредок како што е прикажано на фотографиите. Како прво, почна да зборува многу, дури и да составува едноставни реченици со три-четири збора. Контролата на главата на Никола е значително подобрена, што му овозможува да седи мирно подолго време, иако сеуште балансира со рацете. Исто така, има многу физички промени – неговиот врат и рамениот појас станаа “видливи”, и многу посилни. Градниот кош на Никола стана поголем и ја промени својата форма, дишењето е многу подобро и почна да ја зголемува телесната тежина за прв пат во две години.

Николај Маринов- татко на Никола