АБР е уникатна терапија која ја обновува силата, структурата и функцијата на телото.
SUMMER HOLIDAYS: Center is closed from 12/07/2019 until 06/08/2019. For urgent matters, please send an e-mail to info@abrtherapy.com
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.com

Поврзани Мислења

Blog

Време насамо

Автор : Стеф, перосoнален асистент на Питер-Јан  и мајка на 4 тинејџери

 

Здраво на сите!

Како што споменав во мојот претходен пост, стресот игра главна улога во непријатното однесување на децата. Затоа е многу важно да се сфати што го зголемува , a што го намалува нивото на стрес.

Еден од најважните совети што би сакала да ги дадам за да Ви  помогнам да се намали нивото на стрес на Вашето дете , е нивното воведување во “време насамо”. Родителите честопати се чувствуваат скоро обврзани да бидат близу до нивното дете во текот на целиот ден, особено кога нивното дете има посебни потреби и не е способно самостојно да  ги прави повеќето работи. Покрај тоа, родителите може да се чувствуваат како да мора да го чуваат детето поголем дел од времето и можеби дури и да се чувствуваат виновни кога на пример го  оставаат детето да седи пред телевизор премногу долго.

Додека Вие тоа го правите   со најдобри намери, важно е да  разберете дека  ова може да создаде неколку проблеми.

Прво , бидејќи детето се навикнува секогаш да има родител или старател блиску до него ,може да развие сериозна  анксиозност од разделба. Ова доведува до значително зголемување на нивото на стрес, секој пат кога родителот не може веднаш да одговори.

Исто така, тоа придонесува ,нивното ниво на стрес да се зголеми кога родителите ќе го остават детето со некој друг, па дури и кога родителите ќе го стават детето во кревет и ќе излезат од собата. Затоа е важно детето почесто да се доживее насамо во кратки временски интервали.  На овој начин детето учи дека е безбедно додека е само, сфаќа дека неговитр родители секогаш се враќаат и ќе бидат достапни кога  навистина ќе се  потребни.

Второ, кога едно лице е опкружено со луѓе цел ден, тоа е постојано под влијание на емоциите и постапките на тие луѓе . Исто како што нам ни треба мир и време да сме насамо ,да се “издуваме “ одвреме на време,така и  нашите деца имаат голема корист од тоа .Треба да им се даде можност да се “издуваат “, со што е можно помалку стимулации. Претераната стимулација е исто така чест проблем со децата кои се забавувани по цел ден. Родителите може да се плашат дека на нивното дете ќе му биде здодевно, па му нудат многу активности и / или во текот на денот,  постојано зборуваат со детето . Ова, сепак, може да биде премногу за многу деца, што повторно ќе го зголеми нивото на стрес и ќе ја зголеми напнатоста.

И на крај, децата не се свесни дека се индивидуи ако никогаш не се сами.Чувството на индивидуалност е многу важно и би сакала да го објаснам  во еден иден блог пост.

Пред да започнете со воведување на времето на насамо, имајте на ум дека вашето дете не е навикнато на тоа и најверојатно  на почеток ќе се противи. Ве охрабрувам да не се откажувате. Започнете со оставање на детето само во соба за многу кратко време (минути). Обидете се да не реагирате веднаш ако се побуни и обидете се да  не влегувате во собата додека не помине времето. Обезбедете го со музика, ТВ, книга, … нешто што му се допаѓа. Повторете го ова  време барем  еднаш на ден и постепено зголемувајте го времетраењето. Процесот може да потрае, но на долг рок ќе видите севкупно намалување на нивото на стрес кај Вашето дете, а мирното дете е посреќно и попослушно .

Покрај тоа, Вие како родител исто така ќе имате повеќе време за себе, што ќе го намали Вашето  ниво на стрес , а тоа  ќе доведе до уште помирна околина за Вас и Вашето дете.

Со среќа!

И Ве молам не двоумете се да ме контактирате ако имате какви било прашања.

Стеф.

abr.belgium@gmail.com