a
ABR is a unique therapy which rebuilds the strength, structure and function of the body.
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.com

Поврзани Мислења

Blog

Вратот е важен

 


Автор: Роланд Воллард, физиотерапевт и иницијатор на “Клас на тркала ” во Алкмар, Холандија. 

 

Тема на овој пост е вратот: важната врска помеѓу главата и остатокот од нашето тело. Вратот е  “прометен  автопат” на  крвни садови и нерви, а исто така и на  многу мускули кои ви овозможуваат  да ја држите главата и да останете ориентирани во просторот.

Функцијата и структурата на вратот на нашите деца е ограничена. Понекогаш дури и доста ограничена. Затоа АБР работи на нивниот врат со различни техники, како вежби со „јајца“, вежби за рамената и вежби со стапче на основата на черепот. Целта на  вежбите е да се подобри таа толку  важна врска помеѓу главата и торзото.

 

 

Минатата недела прочитав научна статија(1) која ја потенцира важноста на тоа. Прво, би сакал да зборувам за првата слика на оваа статија(2), која покажува многу прометен сообраќај во вратот. Можете да ги видите подлабоките мускули во вратот (црвени) кои овозможуваат вратот да се врти во сите насоки.За да е тоа видливо, кожата, сврзното ткиво и поголемите мускули на вратот се отстранети односно  повлечени настрана. Исто така, се гледаат  и пршленските протрузии низ  кои крвните садови поминуваат безбедно. (‘Рбетниот мозок е сместен подлабоко во празнината на пршлените, така што не е видлив)

Во кругот, авторите покажаа нешто особено важно. Тоа е всушност директната врска на сврзното ткиво помеѓу малите мускули на вратот и мембраната околу ‘рбетниот мозок (а). Од неодамна е познато дека оваа анатомска врска помеѓу надворешниот дел на вратниот нерв и малите мускули на вратот постои,  и од  какво значење може да биде.

 

 

Ова е друга слика од статијата(2) за која сакам да зборувам. Пресек на вратот на ниво на 2-от  вратен пршлен(C2). Можете да ги видите вратните мускулите со црвената боја  кои  се движат помеѓу страничните и задните протузии на вратните пршлени. Буквите МДБ се наоѓаат на структурата на сврзното ткиво што  ги поврзува мускулите на вратот со мембраната околу ‘рбетниот мозок. (MDB = MyoDural Bridge, или мостот помеѓу мускулот и тврдата мембрана околу нервот)

 

 

Интересно…Но зошто?

До неодамна мислевме дека мускулите, нервите, крвните садови и какви било структури во нашето тело се „одвоени“ едни од други. И затоа, не можат да влијаат едни на други. АБР од многу одамна поинаку гледаше на ова, и  сега се чини дека  тоа гледиште на АБР е поддржано со научни сознанија и слики. AБР  гледа на сè во телото како кохерентен систем и подобрувањата на една структура (сврзното ткиво) ,влијаат на  сите останати структури.

Откако ќе ја прочитате статија , станува веродостојно дека ако работите на пример со AБР на вратот, ќе го подобрите тој „мост помеѓу мускулите и нервите“. А тоа пак, позитивно ќе влијае на функцијата на тие мускули и нерви. Како што заклучува научната статија : „Доколку овој кохерентен систем не функционира правилно,  може да има последици врз протокот во мозокот, врз  самата нервна функција, главоболкакоја произлегува од вратот и други проблеми  поврзани со нервите.”

Постојат огромни шанси, нашите деца да имаат проблеми во таа регија.. И ако АБР има позитивно влијание врз ова, АБР може да биде многу важна терапија  за нив! Луѓето со сериозни главоболки кои се јавуваат заради вкоченети вратни мускули, можат да потврдат тоа…

 

Руланд Волард

www.klasopwielenalkmaar.nl

 

Извор
(1) Научен напис:
“The cervical myodural bridge, a review of literature and clinical implications”, Dennis E. Enix, Frank Scali, Matthew E. Pontell https://www.researchgate.net/publication/261322236_The_cervical_myodural_bridge_a_review_of_literature_and_clinical_implications
(2) слики:
Original anatomical artwork by Frank Scali, D.C., and Danny Quirk